четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Ена Веко се врати (ФОТО)

Сигурно се сеќавате на „Царевата ќерка“ или популарната Ена Веко. Елена Домазетовска е девојката која ја носи титулата прва македонска раперка. „До кога вака“, „Келнерот“, „Мачомен“ се само дел од нејзините хитови. Се појави во многу дуети. Со групата „Легенда“ го направи хитот „Признавам, не признавам“, а беше дел и од Фолк вестивалот „Цветници 93“ кога заедно со Мирко Митревски и групата „Академци“, ја отпеа „Си заљубив раперка“. Виновник за популарноста на Ена Веко е нејзиниот чичко Тоше Поп Симонов.

Оваа популарна и интересна пејачка која ретко кој може да ја заборави денес живее преку океанот. Деновите ги поминува во Сиднеј, Австралија. Воопшто не е дел од музичката индустрија. Ретко доаѓа во земјава, а посетите главно ги користи за приватни дружења и посета на најблиските. Токму една таква посета е документирана на овие фотографии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top