четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Филмот „Јавачи на коњи“ награден во Америка

Филмот „Јавачи на коњи“, социјална драма по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски, доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал „Fam Fest International 2018“ во Северна Каролина, САД.

Како победник на фестивалот, македонскиот филм е автоматски селектиран и влегува во трка на „World Film Fair“ во Њујорк оваа година. Покрај наградата за најдобар филм, „Јавачи на коњи“ на „Fam Fest“ се пласираше и како полуфиналист на „Los Angeles Cinefest“.

„Јавачи на коњи“ е македонски независен филм кој премиерно беше прикажан минатата година. Досега филмот учествуваше на 20 фестивали во Европа и светот, меѓу кои во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top