среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Нихан и сопругот „уловени“ на плажа – еве по што се разликуваат од останатите ѕвезди

Ѕвездата на турската серија „Карасевда“, Неслихан Атагул или попозната како Нихан, заедно со сопругот Кадир Доглу, исто така познат актер, се на летен одмор.

За разлика од останатите познати актери, Кадир и Неслихан не се по изнајмувањето луксузни јахти или одмор во ексклузивни хотели, туку преферираат кампување.

Фотографијата која се појави во медимите е направена од турист кој ги забележал, а позната двојка има чамец со кој постојано се одвезуваат на ново место.

Она што го дополнил туристот е тоа што брачната двојка при заминување не само што го собрала отпадот кои тие го направиле, туку и оној од останатите.

За нивната летна авантура дознаа и медиумите.

вистина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top