среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Свињи кои се гојат на депонијата „Мегленци“ завршуваат на нечија трпеза!?

Покрај тоните ѓубре, екипата на ТВ21 при посетата на депонијата „Мегленци“, сместена среде Пелагонија, била пречекана и од десетина свињи. Од соговорниците дознале дека најмалку двапати годишно педесетина свињи се пуштаат кај депонијата за гоење, па на есен се продаваат на добиточните пазари.

Никој од надлежните инспекторати ниту еднаш досега не презел ништо за да го оневозможи одгледувањето животни наменети за човечка исхрана на една ваква депонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top