петок, 17 август 2018 | Вести денес: 19 ново

Некогаш беше атракција, денес фонтаната на плоштадот во Скопје е целосно уништена

Фонтаната која го разубавуваше плоштадот „Македонија” во Скопје и мамеше воздишки на туристите
поради негрижата на градските власти е уништена, а заштитните столпчиња се искршени и украдени.
Пред почетокот на летната сезона во центарот на Скопје беа пуштени фонтаните на споменикот
„Воин на коњ” и оние на плоштадот Филип Втори, но прскалките на површинската фонтана не
проработеа.
Еве како пред само 3 години изгледаше плоштадот „Македонија” во Скопје.

Причината поради која фонтаната е во оваа состојба е бидејќи Град Скопје нема избрано фирма која
ќе ја одржува иако градските власти уверуваа дека фонтаната ќе биде пуштена во функција.
Површинската фонтана се изгради пред три години кога градоначалник беше Коце Трајановски во
рамките на проектот за реконструкцијата на плоштадот. Кратко по отварањето на новата фонтана, таа
стана атракција во градот. Освен што пушташе млазови вода, таа ги менуваше и боите, а нејзината
уникатност особено ги радуваше најмладите кои во вечерните часови шетаа со своите родители во
центарот на Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top