недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 18 ново

Убиецот пет секунди ми држеше пиштол вперен во главата: Потресно сведочење на синот на Миша Огњановиќ!

Убиецот на адвокатот Драгослав Мишо Огњановиќ(57) пет секунди го држел на нишан неговиот син Петар, кој го држел мртвиот татко во прегратка, а момент подоцна го спуштил пиштолот и избегал, пишува неделникот Експрес.

За неизвесните пет секунди во кои убиецот се двоумел дали да пука во синот на Мишо, кој бил единствениот сведок на убиството, на сослушувањето во полиција зборувал и Петар Огњановиќ.

-Татко ми и јас изглеговме од автомобилот и тргнавме кон зградата кога убиецот пукаше во мојот татко. Не ни осетив дека куршум ме погодил во раката. Клекнав, го кренав татко ми и викав:Тато, тато. Убиецот кој веќе отрча, во тој момент се сврте, не погледа, виде дека татко ми се уште е жив, се врати и со уште пет истрели пукаше во татко ми, кој ми лежеше на раце- рекол Петар.

Тој додал дека почувствувал како татко му издивнува, а потоа напаѓачот го свртел пиштолот кон него.

-Пет пеколни секунди ми држеше пиштол вперен во главата. Пет секунди на очај. Бев сигурен дека ќе пука, дека ќе ме убие и мене. Се гледавме во очи, а потоа го спушти пиштолот и избега- навел Огњановиќ.

Драгослав Мишо Огњановиќ беше убиен во сабота 28 јули околу 20.30 часот пред својот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top