петок, 17 август 2018 | Вести денес: 19 ново

Јанша и Шарец: Нe би прифатиле да се викаме „Северна Словенија“ за да влеземе во ЕУ (видео)

Лидерите на двете најголеми партии во Словенија не би прифатиле промена на името на нивната земја како услов за членство во Европската Унија.
Во специјалната репортажа на Лидер и ТВ Алфа, во која беа интервјурани Јанез Јанша и Марјан Шарец, чии партии беа прво и второ пласирани на последните избори, и двајцата рекоа дека условувањето на ЕУ со промена на името како услов за влез е непринципиелно

Запрашан да ја прокоментира изјавата на евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар, во која тој ни порача дека ако имаме неуспешен референдум тоа ќе значи крај на нашиот европски пат, лидерот на најголемата партија во Словенија, „Словенечката Демократска Партија”, Јанез Јанша, истакна дека поради големиот број на скандали Жбогар нема никаков кредибилитет да говори околу ова прашање.

-Можеме да дискутираме за кредибилитетот на овој човек (н.з Самуел Жбогар), не само поради поврзаноста со перењето на Ирански пари во НЛБ, туку и поради многу други скандали. Пред се мислам дека секоја нација под Бога и под сонцето има неотуѓиво право да го избере своето име. Никаде не постои наднационална сила која може да и диктира на Словенечката, Македонската, Српската, Белгиска та или било која нација кое треба да биде нејзиното име. Не би можел да замислам ситуација во Словенија во која ние би биле условени пред нашиот влез во ЕУ да го смениме името на Словенија во „Северна Словенија” или „Јужна Австрија”, тоа би било одбиено, без разлика дали би биле уценети од такви изјави како онаа на Жбогар. – рече Јанша во интервјуто, за Лидер.
Јанша не успеа да формира влада и покрај убедливата победа на изборите во Словенија. Сега мандатот е во рацете на Марјан Шарец кој настапи со независна листа и освои 13 пратеници за разлика од 25 кои ги освои Јанша. Но, кога е во прашање Македонија и Шарец го има истиот став. Моето лично мислење е дека секој народ треба да си го избере името и начинот на живот. Не сум наклонет дека некој на некому треба да му наметне како да се вика.Но сепак тоа е мое лично мислење и не можам да кажам што рекол господинот Жбогар кога не сум го слушнал. Моето мислење останува дека секој народ има право на самоопределување, да живее како сака и да носи име какво што сака. – рече Марјан Шарец, мандатар за
составување на влада во Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top