среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 7 ново

Заедно се 25 години, се сакаат како првиот ден (ФОТО)

Актерот Пирс Броснан, познат по улогите на шармер и љубовџија, е човек за една жена во вистинскиот живот. Броснан и неговата сопруга Кели Шај Смит прославија 25 години во брак, а нивните фотографии покажуваат дека љубовта меѓу нив е силна како првиот ден.

Броснан секогаш јавно зборувал за неговиот брак и неретко декларира колку е заљубен во Кели. Актерот и поранешната ТВ-водителка се запознаа на забава во Кабо Сан Лукас во 1994 година. Седум години подоцна се венчаа во Ирска.

Двојката има два сина, Дилан (21) и Парис (17).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top