петок, 17 август 2018 | Вести денес: 19 ново

Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)

Двајца навивачи на Порто кои летувале на Хвар, Хрватска при прошетка покрај брегот биле нападнати и претепани од неколку сонародници и навивачи на најголемиот ривал, Бенфика. Двајцата повредени фанови носеле дресови на Порто, за што наводно и биле нападнати од навивачите на Бенфика.

На снимката може да се види дека нападот на неколку агресивни навивачи на Бенфика бил навистина брутален бидејќи удирале со тупаници и клоци.

– Прво помислив дека сакаат да не ограбат, но кога почнаа да нè навредуваат, сфативме дека се Португалци и дека навиваат за ривалот. Се обидов да ги смирам и да им кажам дека нема потреба да од инцидент, но добив удар во главата. Настрада и третиот наш пријател, инаку навивач на Спортинг Лисабон. Но, тој немаше навивачки обележја на себеси, па тие сигурно помислија дека и тој е навивач на Порто – објаснува Рафаел Барбоса.

Порто го осуди насилството и им порача на навивачите дека во замена за скинатите дресови ќе им испрати нови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top