петок, 17 август 2018 | Вести денес: 10 ново

Трамп ќе воведе санкции против владата на Заев

По налог на претседателот Доналд Трамп, американската администрација воведува итни остри санкции против владата на Зоран Заев, заради нејзиното дрско, неспитомливо и агресивно настапување со својот веќе надалеку, до Америка прочуен бренд ЛАПНИ ТЕНДЕР.

Најпознатите медиумски куќи во САД упатија апел до Трамп веднаш да ги заштити нивните авторски права во врската со брендот ЛАПНИ ТЕНДЕР, со тешко обвинување дека Зоран Заев и неговите министри намерно само малку го модифицирале насловот на прочуениот хит на Елвис Присли „Лав ми тендер“ (Love Me Tender) за да можат полесно да ја ограбат државната благајна на Република Македонија.

Во намера да го заштитат владеењето на правната држава, Зоран Заев и неговите министри одржаа итна седница и, преку американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли, им упатија најостра нота на Соединетите Американски Држави и на претседателот Трамп да не се мешаат во прашањата на внатрешните коруптивни работи на нашата влада, бидејќи брендот ЛАПНИ ТЕНДЕР е нејзин сосема оригинален и светски препознатлив и препознаен бренд од кој македонските граѓани имаат голема финансиска полза.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, упати и одвоено писмо до Трамп во кое се колне и со својот полициски потпис гарантира дека брендот ЛАПНИ ТЕНДЕР е уредно патентиран од страна на владата на Зоран Заев, и додaва дека ако е потребно за одбрана на државните и национални интереси на Македонија, како и во случајот со договорот со Грција, премиерот Заев ќе организира не еден, ами десет, дваесет општонационални референдуми со еднозначно референдумско прашање: „Дали сте за заштита на брендот ЛАПНИ ТЕНДЕР како најголемо достигнување на оваа реформска влада?“

 

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top