петок, 17 август 2018 | Вести денес: 19 ново

Да не беше трагично, ќе беше смешно: Град Скопје признаа дека пуштиле старо видео

Oд Град Скопје признаа дека пуштиле погрешно видео од прскањето против комарците. Оттаму појаснија дека наместо од денешното, до редакциите по грешка доставиле видео од прскањето што се случуваше минатиот месец.

„Очекуваме ново видео за прскањето против комарци, кое ќе се направи утре, и тоа ќе ви го доставиме“- стои во реакцијата на Градот.

Се додава дека авионите ќе полетаат во пет часот од спортскиот аеродром „Стенковец“.

Од Градот велат дека прскањето почнало минатата ноќ, а ќе се одвива и во следните три дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top