петок, 17 август 2018 | Вести денес: 19 ново

За некој ова е работа од соништата: Би живееле ли на овој рајски остров во Грција?

Засолништето „God’s Little People Cat Rescue“ на Сирос, грчки остров во близина на Миконос, бара човек кој дневно ќе ги храни мачките, ќе им дава лекарства и ќе ги негува со љубов.

Исто така, потребно е вработениот да знае да вози, во случај мачките да треба да се носат на ветеринар.

Работата е совршена за некој што е вљубеник во животните, природата и мирното темпо на живот.

Како замена за вашата грижа за мачките ќе добивате бесплатен престој во мала куќа со градина, подмирени сметки за струја и вода и мала плата.

Работата е долгорочна и треба да потпишете договор на најмалку 6 месеци и да започнете од октомври.

Погледнете ги сите детали на линкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top