петок, 17 август 2018 | Вести денес: 10 ново

Гоца Тржан неутешна: Како да се збогувам со некој што не можам да го пуштам?

Дваесет и осумгодишниот Марио Тртиќ, кум на популарната српска пејачка Гоца Тржан, е убиен , откако кавгата со 66-годишниот Митар Вуковиќ прераснала во крвава пресметка во селото Ѓурѓево, недалеку од Белград. Како што пишуваат српските медиуми, убиениот Марио заминал кај Митар за да му го врати лихварскиот долг од својот татко.

#happynewyear2018 #wedding #wifeandhusband #love #happiness

A post shared by Mario Trtić (@mariotrtic) on

Бидејќи немал доволно за да го исплати целиот долг, Митар збеснал и го убил на лице место. Подоцна си пресудил и самиот.

Видно потресената Тржан од својот кум трогателно се прости на ФБ-профил, не можејќи да си поверува во кошмарот кој ја снајде неа и нејзиниот помлад (втор) сопруг Раша Новаковиќ.

  • Како да се збогувам со некој што не можам да го пуштам? Како да го пронајдам Бога и смислата во се? Те сакаме куме. Засекогаш. Засекогаш сме фамилија. Неутешни сме. Недостигаш – напиша Тржан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top