петок, 17 август 2018 | Вести денес: 19 ново

Осуденик се обидел да силува малолетничка

Скопјанец кој се барал за издржување казна затвор, извршил полови дејствија над 15-годишна малолетничка, вчера во куќа во Струга.
Немилиот настан во полиција го пријавил таткото на девојчето, С.Ј. (37) од Скопје. Тој пријавил дека истиот ден околу 15 часот, во куќата на Ф.Н. во Струга каде што престојувал заедно со неговото семејството, С.Џ. (39) од Скопје извршил полови дејствија над неговата 15- годишна ќерка.

Полицијата го пронашла и го уапсила С.Џ., при што било констатирано дека тој се бара за издржување на казна затвор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top