понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Модриќ сака да го напушти Реал Мадрид

– Сагата околу иднината на Лука Модриќ може да претрпи нов пресврт, откако според шпанското издание „Онда Черо“ се тврди дека Хрватот всушност сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Се тврди дека халфот ќе побара лично од претседателот Флорентино Перез да биде продаден на Интер, кој му дава договор за 4 години и одлична плата од 10 милиони евра.

Од Реал, сепак, не сакаат да загубат еден од најдобрите играчи, кој има откупна клаузула во договорот од 750 милиони евра, а Италијанците не ни помислуваат да ги платат овие пари.

На Перез сигурно нема да му се допадне барањето на Модриќ, ако навистина добие такво, а очекувањата на повеќето експери се сепак дека полудефанзивецот ќе остане дел од „белите“ и за претстојната сезона

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top