понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Мур: Трамп е злобен гениј кој нема намера да ја напушти Белата куќа (Видео)

Познатиот американски режисер, Мајкл Мур објави трејлер за својот нов документарен филм, „Farenhajt 11/9“ во кој тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да биде доживотен претседател на САД, и дека тој веројатно е последниот лидер на најмоќната земја во светот.

Филмот е направен како продолжение на неговиот филм „Farenhajt 9/11“ од 2004 година, кој се занимава со настани пред 11 септември 2001 година и троритичкиот напад врз САД, а во кој беше прикажана борбата на Америка против тероризмот, објави „Индепендент“.

Во последниот филм Мур ги преврти броевите за да го претстави датумот на претседателските избори- 9.11.2016 година, што е катастрофа слична на терористичкиот напад што го смени светот.

За Мур Трамп е „злобен гениј кој нема намера да ја напушти Белата куќа”.

Премиерата на филмот е закажана за 21 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top