понеделник, 12 ноември 2018 | Вести денес: 86 ново

Интерпол не го бара убиецот на Саздовски (ФОТО)

Меѓународната полициска асоцијација Интерпол воопшто не го бара го Јетон Љужа, третоосомничениот за убиството на Саздовски.

Според МВР по одлуката на Јавното обвинителство Интерпол од 28 јули го бара Лужа, но на официјалната страна на Интерпол таква информација нема.

Фејсбук групата Следиме открива дека Интерпол воопшто не започнала формална потрага преку нивниот интернет портал.

На својот портал Интерпол бара 4 лица од Македонија, а еден од бараните криминалци го бара двапати.

Посебен начин на потрага која не мора да биде објавена на интернет е комуникација со националните полиции членки на Интерпол.

Јавното обвинителство потерницата за Лужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top