понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 95 ново

Сообраќајка на „Борис Трајковски“: Две лица со Брза помош пренесени на Клиника

На булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје вчера во 18:20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хонда Цивик“ со скопски регистарски таблици, управувано од Х.К. (19) од Скопје и патничко возило „Југо“ со скопски регистарски таблици, управувано од З.М.(69) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Југо“, Б.М. (61) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот З.М..

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top