понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Рос од „Пријатели“ ќе се појави во новата сезона на „Вил и Грејс“

Поранешната тв-ѕвезда од серијата „Пријатели“, Дејвид Швимер кој го толкуваше ликот на Рос, ќе се појави во серијата „Вил и Грејс“ како нов партнер на ликот кој го толкува Дебра Месинг.

Швимер не е единствена ѕвезда која ќе се појави во новата сезона, пренесува АП.

Претходно беа најавени и Алек Болдвин, Челзи Хандлер и Мари Макормак.

„Вил и Грејс“ се прикажуваше осум години и на хумористичен начин на јавноста и ја приближи до тогаш таму темата за проблемите на хомосексуалците. Серијата почна да се емитува во 1998 година, а се најавени три нови сезони.

Деветата сезона почна да се прикажува во јануари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top