вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 47 ново

Четворица повредени во четири сообраќајки

Во изминатото деноноќие во Скопје се случиле четири сообраќајни несреќи во кои три лица биле полесно повредени, а еден потешко. Во една сообраќајна несреќа била причинета само материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи кои возела со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 14 возачи, а од нив 13 управувале возило пред да стекнат со возачка дозвола, а еден бил возач почетник.

Поради истечена важност на сообраќајна дозвола е исклучено од сообраќај едно возило, едно возила е исклучено поради техничка неисправност и 15 нерегистрирани возила. Непрописно биле паркирани 120, а пајакот подигнал 44 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top