понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Македонија ја прати на ЕП, а Дрита Ислами „леташе орли“ среде Берлин (ФОТО)

Атлетичарката Дрита Ислами, која се пласира на последното место во квалификациите во трката на 400 метри со пречки на Европското првенство (ЕП) во Берлин, како претставник на Република Македонија, со неспортски потег ја понижи нашата земја. Седукратната најдобра атлетичарка во Македонија и наш претставник на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, го искористи престојот во главниот град на Германија да направи фотографии за спомен, па со стражарите на Берлинскиот ѕид се фотографирала „летајќи орли“, албански симбол кој се поврзува со иредентистичката желба за формирање на заедничка држава на територија на сегашна Србија, Косово, Македонија и Црна Гора (Голема Албанија), објави спротскиот портал Спорт 1.

Атлетичарката беше испратена да ја претставува Македонија со финансии обезбедени од државата. И наместо да остане засрамена од ужасниот пласман и лошиот резултат кој беше далеку од нејзиниот личен рекорд, Ислами гордо објавува фотографии на кои покажува нешто што нема допирна точка со нејзината матична држава, без разлика што таа е од албанска националност, коментира порталот и потсетува дека младата атлетичарка во минатото често се фотографираше со македонското знаме, а една од таквите фотографии беше хит на социјалните мрежи како показател за отсуството на национализам во спортот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top