понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Полицајци запоседнале спортска обложувачница (ФОТО)

Ако се прашувате има ли полиција во оваа држава секојпат кога ќе се сретнете со сообраќаен прекршок, одговорот е – има. А ако не знаете каде е кога веќе ја има, побарајте ја во некое казино, автомат клуб или пак спортска обложувачница. Сигурно ќе ги најдете полицајците таму. Почекајте да ја завршат партијата, па учтиво замолете ги да си ја завршат работата онаму каде што им е работното место – на улица. Сепак, за парите што ги коцкаат, во нашите џебови брцкаат.

Масовно: Полицајци добиваат џекпоти во коцкарниците во Македонија (ФОТО)

Четворица припадници на сообраќајната полиција играат „кец во кец“ додека надфор фучат мотори како на тркачка писта и вашите животи се во опасност. Прегазени пешаци, погрешно паркирање, запоседнати тротоари, поминал на црвено…. гоооол! Ете толку им е грижа и толку си ги зивршуваат работните обврски овие четворица додека чекаат да се збогатат ставајќи 50 денари на ливче. И онака 500 евра плата не видовме.

Џекпот и за сообраќајната полиција на Спасовски (ФОТО)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top