петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Ѓоковиќ сензационално елиминиран во Торонто

Освојувачот на трофејот во Вимблдон, Новак Ѓоковиќ доживеа тежок удар на Мастерсот во Торонто откако е елиминиран во осминафиналето од Гркот, Стефанос Циципас.

Српскиот ас воопшто не играше како на Вимблдон, премногу грешеше, а беше и нервозен и тоа се одрази на резултатот. Во текот на целиот меч имаше само две брејк топки, а не искористи ниедна од нив. На крајот загуби со 3-6, 7-6 и 3-6.

И покрај тоа, Ѓоковиќ ќе заработи поени од овој турнир бидејќи лани не играше на него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top