недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Почна увидот во избирачки список: ДИК нема право да брише спорни гласачи

Во Избирачкиот список што денеска е ставен на јавен увид за претстојниот есенски рефрендум за името се запишани вкупно 1.805.700 граѓани.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска денеска на прес-конференција пред новинарите појасни дека промена во Избирачкиот список граѓаните може да напраат само со барања што ќе бидат поткрепени со соодветна документација. На забелешките дека во Избирачкиот список се уште се наоѓаат имиња на повеќе луѓе на иста адреса, рече дека ДИК Избирачкиот список го гради со податоци од МВР, Управата за матични работи и основните судови во Македонија. Условите за запишување во Избирачкиот список се лицата да бидат државјани на РМ, и да бидат полнолетни.

Укажа дека само со поднесување на одредена документација ДИК може да направи промена во Избирачкиот список и дека граѓаните при менувањето на живеалиштето треба да направат промена на адресите во личните карти.

– Секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини. Барањето граѓанинот може да го поднесе до подрачното одделение или канцеларија на ДИК според неговото место на живеење, рече Гугучевска.

Истовремено со јавниот увид денеска започна и пријавувањето за изјаснување на иселениците во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство, што, исто така, ќе трае до 23 август. Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање во странство може да се пријават директно во Де-ка-пеата и конзуларните канцеларии или електронски преку веб апликацијата dijaspora.sec.mk објавена на интернет страницата на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top