понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Град Скопје: Има комарци затоа што Шилегов го исчисти воздухот

Портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, вели дека во Скопје има многу комарци затоа што градскиот татко Петре Шилегов го реализираше своето ветување и го исчисти воздухот во Скопје.
„Да, запознати сме со реакциите на граѓаните дека има зголемен број на комарци во Скопје, меѓутоа градоначалникот Шилегов направи студија, лично се заангажира и ни пренесе дека според неговите наоди, комарци има во огромен број затоа што тој успеал да го исчисти воздухот во Скопје. Па тие заклучоци ви ги пренесувам со цел да се смири јавноста. Убодите од комарци се мала цена да се плати за чистиот воздух и дека е подобро граѓаните да се чешаат во кратки периоди на летото, отколку да дишат загаден воздух“, соопшти портпаролот на прес-конференција одржана денеска во просториите на Град Скопје.
Од канцеларијата на Шилегов велат дека нема да го поколебаат кампањите на граѓаните против комарците, бидејќи тој и понатаму ќе продолжи да го чисти воздухот во градот.
„Она што беше ветено ќе се реализира и од тоа нема отстапување. Покажавме дека сме принципиелни и дека сите ветувања ги остваруваме. Во кампањата градоначалникот вети чист воздух за сите, и тоа го оствари. Тоа значи чист воздух и за комарците кои од целиот свет доаѓаат кон Скопје во што поголем број затоа што нашиот град веќе не е загаден. Присуството на комарци во Скопје е доказ дека воздухот е чист и граѓаните треба да се радуваат на секој убод од комарец, наместо да се жалат по социјалните мрежи“, додаваат од Град Скопје.
Од Град Скопје ги предупредуваат граѓаните дека доколку продолжат со непримерно однесување и постојано жалење и реакции, Шилегов и соработниците наредната зима нема да го чистат воздухот во Скопје и ќе го остават смогот кој ќе ги убие комарците, но и ќе го загрози здравјето на граѓаните.

Според сведоштвата на граѓаните на кои им давал ваучери за такси, Шилегов често велел дека граѓаните мора да одберат: Или комарци или ВМРО-ДПМНЕ.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top