вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 36 ново

Фантомската невладина на Шапуриќ добила пари и од Царовска

Невладината организација „Мултикултура“ повторно во шема на власта, открива „Лидер“. Порталот дознава дека оваа организација добила пари за вработување на луѓе од Министерството за труд и социјална политика, покажуваат документите кои излегоа во медиумите.

За разлика од претходно, кога се овозможуваа средства за вработување во градинки, со Оперативниот план во 2017 година, парите се распределуват за финансирање на невладиниот сектор.

Од оперативниот план може да се види и на кои невладини организации добиле парични средства од државата. Според информациите објавени на „Лидер“, станува збор за невладини организации блиски до луѓе на СДСМ или пак се активисти на партијата.

Самата Царовска работеше во невладината организација „ХЕРА“, која е на листата избрани организаци на Агенцијата за вработување, а невладината „Мултикултура“ од Тетово исто е на листата на Агенција за вработување. Истата доби и грант од последниот повик за навладини организации објавен од страна на Министерството за одбрана.

Шекеринска и Шапуриќ фатени на дело – 400.000 за фантом невладина

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top