петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Петре, добро е, се навикнавме!

„Петре добро е се навикнавме“ е насловот на оваа фотографија која е дел од реакцијата на твитерџиите за нездата на комарци со која се соочуваат скопјани деновививе:

Градот Скопје за престојниот викенд најави ново прскање против комарци. Авионска дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши на 11 и на 12 август – в сабота и недела во раните утрински часови, додека терестична дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши од 12 до 16 август  (од недела до четврток) во периодот од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.

Комарците се главна тема на социјалните мрежи, но и ги полнат амбулантите со деца, кои се почувствителни на убоди од комарци. Кај некои од нив отоците се поизразени, инфицирани, па пијат и антибиотици.

За комарците се пошегува и Перо Антиќ, кој во ресторан нарачал два аутана на сметка на Шилегов. 

Вечерале „аутан“ и мислеле на Шилегов: Перо Антиќ на вечера со семјеството (ФОТО)

 

Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето, Град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град. Планирано е да се постави камера и целиот процес да биде снимен.

Шилегов ќе снима за да докаже дека прска против комарци

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top