недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Шилегов ќе снима за да докаже дека прска против комарци

За да ги увери сомничавите и испокасни граѓани дека навистина прсска против комарци, Шилегов ќе ги снима прскањата.

Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето, град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град. Планирано е да се постави камера и целиот процес да биде снимен. Следното прскање е закажано за викендов.

Како никогаш досега, во Скопје врие од комарци, а причина за тоа е одолговлекувањето на Град Скопје да изврши прскање против комарци.

Трајановски прскаше против комарци од април, на Шилегов во јуни едвај му текна зошто воопшто не е прскано

 

Врие од комарци во парковите, покрај реката Вардар. Децата се со убоди по целото тело, поосетливите со денови не одат во градинка и пијат антибиотици против поради компликациите, а не помагаат ниту хемиските средства против убоди. Од град Скопје велат дека викендов ќе има и трето прскање.

Од април, кога започнува прскањето, до август, на крајот на летото, Градот направил само две фази прскања во кои е вклучено и авионско и прскање од земја. Викендов е третото, а планирани се уште две до крај на летото или вкупно пет за сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top