петок, 17 август 2018 | Вести денес: 19 ново

Џекпот и за сообраќајната полиција на Спасовски (ФОТО)

Знае ли министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски што ми прават полицајците додека се на должост? Знае ли власта кој се носи униформа и како ја понижува државната служба?

Да се носи службена униформа некогаш претставуваше чест и обврска, а да се почитува, пак, должност. Во општество на и лонака изместени морални вредности, полицијата дополнително го подрива вредносниот систем и наместо да биде чувар на редот и мирот, таа претставува пример за безредие.

Повторно објавуваме полицаец кој ги задоволува своите ниски страсти кон комарот. Овојпат припадник на сообраќајната полиција мерка покер-автомат. За жал, оваа фотографија, како и онаа претходната не се исечоци од криминалистички филм, а уште помалку од успешна акција на МВР спроведена за сузбивање на сивата економија. Не, таа царува, а полицајците покер вртат.

Масовно: Полицајци добиваат џекпоти во коцкарниците во Македонија (ФОТО)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top