недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Министерот Филипче потпишал договор од 700 000 евра без тендер

Министерот за здравство Венко Филипче потпишал договор во четири очи, без да распише тендер, за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип, објави НОВА. Станува збор за договор во вредност од 700 000 евра со грчка фирмата Интеркат која веќе ја гради Клиничката болница, а подизведувач е фирмата Бетон Штип.

Бункерот чии темели беа ставени уште пред четири години, не е составен дел од болницата и неговата изградба не е предвидена во договорот за изградба на болницата(болницата се гради со кредитната линија од Банката на советот на Европа во вредност од 34 милиони евра).

Бункерот е објект со специјално заштитени sидови за да нема зрачење преку нив, а во него треба да биде сметен акцелераторот за зрачна терапија на болните од рак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top