петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Петмина насилници малтретирале момче од Гостивар и го држеле заклучено во стан

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Т.(22), Н.М.(21), И.Ј.(20), М.С.(19) и уште едно лице на возраст од 17 години, од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Тие на 12 јули годинава околу 22 часот во Гостивар, на улицата „Гоце Делчев“, додека Ф.А. (24) бил на гости во станот на М.С., најпрво физички го нападнале, а потоа го малтретирале и го држеле заклучен во станот се додека забележале дека му се влошува здавствената состојбата, по што го ослободиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top