понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Ме убиваше да ги гледам мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат: Карлеуша прв пат проговори за тешкото детство

Јелена Карлеуша е една од најголемите ѕвезди во регионот, но нејзиниот пат кон славата не бил ниту малку лесен.

Мајката на Јелена, Дивна, познат радио водител во Србија, позајмила пари како Карлеуша би го снимила првиот албум. Јелена остварила голем успех, а денеска е пример за облекување кај многу жени, додека нејзините настапи се вистински спектакл.

Сепак, пред Јелена да постигне голем успех на музичката сцена, нејзиното семејство се борело со немаштијата, баш како и кај повеќе семејства во овој регион во деведесеттите години.

Карлеуша се потсети на тие тешки мигови, пишувајќи го следново на Твитер.

-Кога бев мала, најмногу ме нервираше немаштијата. Ме убиваше што ги гледам, мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат. Бев скромно девојче кое не бараше ништо… освен да ми веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. И успеав. За нив – напиша таа на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top