недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Обвинителството не бара притвор за Јакимовски

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Управата за финансиска полиција, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица.

Надлежниот обвинител бара на осомничените да им бидат одредени мерки на претпазливост, повремено да се јавуваат на определено службено лице и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

„Осомничените се товарат дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки, при што двајца сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл. 45, додека тројца од осомничените за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top