недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Дејан Пројковски ја режира „Орестија“ на „Сплитско лето“

Македонскиот театарски режисер Дејан Пројковски на падините на планината Мосор, близу Сплит, ќе ја постави претставата „Орестија“ на Есхил, која треба да биде изведена во рамки на 64. издание на фестивалот „Сплитско лето“. Претставата ќе има  четири изведби – 10,11,12 и 13 август. Два и пол века старата трилогија на познатиот грчки драматург се занимава со семејното насилство, со семејните гревови и проклетства, каде што синот ја убива мајка си за да го одмазди својот татко.

– Злосторството раѓа злосторство, пролеаната крв бара ново крвопролевање. Тоа е една голема тема со која се занимаваме – злосторството треба да се санкционира и да се запре на друг начин – никако со ново злосторство. И денес, во 21. век, се избегнува човекот да се гледа како индивидуа, како поединец. И денес се прашува чиј/а си, на која страна е/била твојата фамилија, што работеле твоите родители… И вака не е само во нашите краишта, ми се чини дека тоа се случува секаде во светот – вели Пројковски.

Пројковски, кој со Есхил се занимава вторпат во кариерата, во интервју за „Слободна Далмација“ вели дека  класичните текстови треба да се  обработуваат со почит, а не да се допишуваат и да се преправаат, бидејќи се случува луѓето да купат билети за одреден наслов, а да видат нешто сосем друго. И иако трилогијата „Орестија“ во поголем дел е скратена, трае три часа. Сепак, Пројковски напоменува дека драматургот Јасен Боко крател многу внимателно за да се сочува структурата и убавината на делото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top