петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Ердоан Максут е нов директор на Турски театар

Ердоан Максут е нов директор на Турски театар. Максут (1959, Скопје) дипломирал на ФДУ во 1985, отсек театарско актерство во класата, а во периодот од 1999-2001 се здобил со научна титула магистер по театролошки науки. Член е на Турскиот театар од 1978 до 2012 година, а од 2012 до 2018 на Театар Комедија. Има остварено повеќе значајни театарски и филмски улоги на матичните сцени и надвор од нив, во други театари, разни независни продукции, телевизии, радио драми, филмови.

Досегашен в.д. директор на Турски театар беше Наџи Шабан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top