петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Скандал во Швајцарија: Петковиќ го исфрли Бехрами од репрезентацијата

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Владимир Петковиќ го исфрлил од националниот тим Ваљон Бехрами. Бехрами тврди дека се работи за „политичка одлука, со што потврдил дека во националната селекција дошло до поделба предизвикана од потегот на Џердан Шаќири и Гранит Џака да ја прослават победата над Србија со двоглав орел“.

Швајцарските медиуми пренесуваат дека Бехрами, кој игра за Удинезе, е еден од неколкуте репрезентативци со албанско потекло од Косово, кои нема да бидат веќе дел од националната селекција, што потврди и Бехрами.

„Заврши мојата репрезентативна кариера“, напишал на Твитер.

Швајцарските медиуми тврдат дека причинна за исфрлањето на Бехрами е неговата улога во репрезентацијата, бидејќи во соблекувалната имал „преголема моќ“.

-Се работи за тактичка одлука, објаснува, пак, Петковиќ.

Портпаролот на Фудбалскиот сојуз на Швајцарија Марко фон Ах потврдил дека тренерот и Бехрами имале средба, на која разговарале за иднината на играчите, но дека не станало збор за исклучување.

-Петковиќ ми се јави. Мислев дека е обичен повик, но тој веднаш рече дека сум исклучен од тимот, изјавил Бехрами и изразил удерување дека се работи за политичка одлука на селекторот

По светското првенство имаше некои настани кои не ми се допаднаа, вели тој без да објасни за што станува збор, но додал дека е нешто што е во спротивност со идејата за единство на екипата.

Последните недели дошло до поделба во националниот тим која не му се допаднала.

На прашањето дали причина за тоа е потегот на Џердан Шаќири и Гранит Џака да ја прослават победата над Србија со двоглав орел“, Бехрами одговорил јасно „да“.

-Сите ние сме момци кои одат по иста патека. Момци кои сакаат да ја направат Швајцарија горда.

Бехрами ја критикува и идејата за исклучување на двојните државјанства од националните селекции.

Тој изјавил дека планираал да игра за репрезентацијата до 35 години, а му префрлил на селекторот Петковиќ дека нема поим од фудбал.

-Општ проблем на швајцарскиот фудбал е што во Фудбалскиот сојуз одлучуваат луѓе кои никогаш не играле фудбал, изјавил Петковиќ.

Петковиќ, исто така, разговарал и со Бљерим Џемаиљи и со Гелсон Фернандес, па се шпелулира дека и тие че бидат исфрлени од тимот.

Во Швајцарија владее ставот дека Петковиќ спроведува реконструкција на националната селекција и дека со мерката ќе бидат погодени и Штефан Лихтејнштајдер и Јохан Ѓуру.

За репрезентацијата на Швајцарија Бехрами одиграл 83 натпревари, постигнал 2 гола, играл на четири светски првеснтва и на две европски. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top