понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Уапсени три новинарки поради незаконско преземање содржини од БЕЛТА

– Три новинарки  денеска се уапсени во главниот град на Белорусија, Минск по извршен претрес во редакциите на два независни медиуми. Новинарките се приведени бидејќи користеле материјали од државната новинска агенција БЕЛТА без да бидат претплатници. Две од приведените новинарки работеле во порталот „Tut.By“, а третата е новинарка во новинската агенција „BelaPan“. Двата медиуми се осомничени дека незаконски користеле услуги од агенцијата БЕЛТА без да платат за нив. Во согласност со белоруските закони, ако новинарките Марина Золотова, Ана Калтигина и Татјана Коровенкова бидат прогласени за виновни би можеле да бидат осудени до две години затвор и на привремена забрана за занимавање со новинарство. Издавачката куќа „Белоруска наука“ исто така е под истрага, при што е утврдено дека во 2017 и во 2018 година незаконски преземала вкупно 15.000 содржини од БЕЛТА, поради што агенцијата била значително оштетена. Медиумите во Белорусија се под постојана контрола на власта, посебно по демонстрациите во март 2017 година, кога стотици луѓе беа уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top