понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Од г…о чоколадо не бидува

Предраг Димитровски

Ако тоа што сакаш да го кажеш не е попаметно од молчењето, тогаш молчи, вели една древна кинеска мудрост. Но, очигледно за неа нема слушнато актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување од редовите на владејачкиот СДСМ, Аднан Џаферовски. Можеби затоа на својот ФБ профил ќе собере „храброст„ и ќе напише:

-Па дај умрете веќе еднаш јбг…!

Само ако умрете, оваа сирота земја ќе може да преживее…

А, кој треба да умре? Неговите идеолошки опоненти, политички неистомисленици и противници на претстојниот референдум за името на државата. Сите до еден! Сиротиот, ни самиот не им го знае бројот. А, многу се и бројката секојдневно се зголемува. За негова жал. И така ќе биде се додека постојат луѓе-нелуѓе, кои мислат дека кога ќе седнат во некоја функционерска фотелја стануваат мали, недопирливи богови.

Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил револтирано ќе напише:

-Тоа што е член на ИО на СДСМ не е толку загрижувачко како фактот што човеков раководи со Дирекција за заштита и спасување, а бара смрт!

Апсолутно е во право. Навистина, ако веќе утре, не дај Боже, се случи некаква несреќа, Аднан џаферовски ќе ги спасува само оние кои се за учество на референдум? Ќе ги прашува што мислат, па ќе им пружа сламка за спас? И не само тоа. Простотилакот сведен на една мала простопроширена реченица го отсликува целосно неговиот ментален склоп, одамна прегазен од времето.

Натаму, одново ја прокламира некрофилијата само сега како знак на распознавање на владејачкиот СДСМ. Се сеќавате на Мартин Нешковски, Никола Младенов, малата Тамара…? Верувам не ги имате заборавено, зашто максимално беа експлоатирани за ситни дневно-политички поени. А, каде е крајот на неговата порака?

Во говорот на омраза, во предизвикувањето страв и несигурност, што е казниво по закон, или во „дозираниот„ отворен фашизам? Зашто, ако јавно посакува да умираат луѓе, тој потајно е подготвен и да убива! Патем, само да прашам со кои средства ќе ги погребува умрените-со државни, народнипари од кои и самиот добива плата или со негови лични, чесно заработени?

Јас го знам одговорот. Неговиот ментален склоп вели: Вие само умрете, за другото не се секирајте, ќе се најде чаре! Повеќе од морбидно, нели?!

Мојот покоен татко понекогаш знаеше да каже „Од г…о чоколадо не бидува„! А, јас би додал исто како што од Аднан Џаферовски не бидува политичар, па токму уште утре да стане премиер или претседател на државата.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top