петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Коста: Невозможно е да се следи Роналдо на тренинзите

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста призна дека е невозможно да се следи Кристијано Роналдо на тренинзите.

Коста и Роналдо од неодамна се соиграчи во Јувентус, а бразилскиот репрезентативец не ги криеше импресиите за работењето со еден од најдобрите играчи во светот.

– Невозможно е да го следи Кристијано Роналдо на тренинзите. Кога стигнавме тој веќе тренираше, а и откако заминавме продолжи да тренира. Никогаш не сум видел такво нешто, истакна Коста.

Роналдо со трансфер во висина од над 100 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top