недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Си го продале синот на интернет на педофил!

Германска двојка е осудена на 12 и пол години затовр откако си го продала синот на педофили на делот од интернет, познат уште како „дарк нет“.

Судот во Фрајбург ги осуди германските државјани на возраст од 48 и 39 години  и тие ќе мора да му исплатат отштета од 42.500 евра на момчето.  Освен него, тие злоупотребувале и тригодишно девојче, кое, исто така, ќе добие отштета.

Мајката и очувот сексуално го злоупотребувале момчето најмалку две години, пред да го продадат на дарк нет. Тие се осудени за силување, сексуален напад врз дете, принудна проституција и за дистрибуција на детска порнографија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top