понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Повеќе од илјада пожарникари учестуваат во гаснењето на пожарот во Португалија

Повеќе од 1 000 пожарникари и 19 авиони учестуваат во гаснењето на пожарот што пет денa беснее во Португалија.

Официјалните лица се надеваат дека пониските температури, кои ги најавија синоптичарите, ќе им овозможат на службите да го локализираат пожарот во текот на ноќта.

Пожарот е  во сува и претежно недостапна шума, а силниот ветер сè повеќе и повеќе го разгорува.

Властите вчера објавија дека најмалку 44 лица се повредни во пожарот што од петокот беснее во округот Фаро во јужна Португалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top