петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Поради топлотниот бран Франција воведе ограничување и за мотори

По автомобилите, во Франција ќе има ограничување и за моторите, и сето тоа е како последица од топлотниот бран кој ја зафати земјата, но и Европа.

Францускиот министер за екологија, Никола Ило, ги повика моторџиите да ги почитуваат ограничувањата кои вчера беа воведени кон автомобилите што ја загадуваат животната средина.

Истите ограничувања кои се однесуваат за автомобилите, ќе се применуваат и кај моторите. Во Франција денеска според синоптичарите се очекуваат повторно високи температури.

„Имаме нова ситуација. Треба да се прилагодиме на климатските промени и да продолжиме да се бориме против нив, се со цел да не доведеме до ситуација да овој феномен се интензивира,“ ијзави Ило за радиото „Ероп1“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top