недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

BDM – нешто најново од македонската музичка сцена

Paragon Record Label ви го претставува BDM – најновото од македонската музичка сцена со нивниoт прв аудио и видео запис на песната “Lee”. Интерконтиненталниот продукт, работен во Скопје, Белград, Лондон и Детроит е доказ дека денешниот музички свет познава само вистински квалитетен звук инспириран од едноставна, емотивна приказна која сите, барем еднаш во животот, сме ја доживеале.

Под палката на Виктор Стоимиров, ‘Lee’ доби светски видео продукт. Визуелно воден од блескавата Елена Гугоска, Стоимиров успева да пренесе едноставна порака – за кршливоста на љубовта и моќта во таква ситуација, да се издвојат убавите моменти кои вреди да се паметат.

Зад карактеристичниот вокал на ‘Lee’ стои светската Yova, а песната повеќе од еден месец одлично котира на светските стриминг сервиси, воедно е достапна на iTunes, Spotify, Google Play, Apple Music, Deezer и Shazam.

Погледнете го нивниот видео запис од песната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top