петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Експолозијата во Болоња, се судрија цистерна со запаливи течности и неколку автомобили (видео)

Во експлозијата во близина на италијанскиот град Болоња две лица загинаа, а 60-тина се повредени. Најмалку 14 од повредените се во критична состојба. До експлозијата дошло по сообраќајна несреќа во близина на аеродромот во Болоња, соопшти италијанската полиција. Според информациите се судриле цистерна која носела запаливи течности и неколку автомобили.

Експлозијата се случила околу 14 часот во областа Борго Панигале, на периферијата на градот.

Дел од патот е уништен, а урнат е и надвозник. Автопатот на кој се случи несреќата е затворен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top