недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Дебито на Роналдо за Јувентус ќе биде емитувано директно на Фејсбук

Дебито на петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо за италијанскиот шампион Јувентус ќе може да се следи во живо и на Фејсбук.

„Илеван Спортс“ соопшти дека постигнал договор за иновативно партнерство со социјалната мрежа и ќе емитува бесплатен стриминг. Еден од првите натпревари кои ќе се пренесуваат директно е гостувањето на „бјанконерите“ во Киево на 18 август од 18:00 часот.

– Нашиот избор ќе ги вклучува најголемите клубови во Шпанија и Италија: Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Наполи, како и најдобрите играчи – Лео Меси, Кристијано Роналдо и Антоан Гризман, соопшти „Илеван Спортс“.

Компанијата додава дека најмалку еден натпревар неделно од шпанската Ла Лига и италијанската Серија „А“ ќе бидат пренесувани на нивната страница на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top