понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 73 ново

Диетата со која се стопи Колинда Грабар Китаровиќ

Претседателката на Хрватска, која стана апсолутен хит на Светското првенство во Русија, е на строга диета, а со витата линија ќе може да се пофали и на летниот одмор што ќе го мине во вила на Бриони.
Всушност диетата на Грабар-Китаровиќ и не е некоја строга диета, можеби малку еднолична, но за оние со фантазија и идеи едноставно е – одлична.

Се состои од три оброци во текот на денот. Наутро може да јаде се’ освен леб, па често јадела кајгана и чварки. Во текот на денот понекогаш, најчесто како ручек, би изела само салата. Последниот оброк околу 18. часот, морало да биде лесен, а се состоел од печено пилешко филе и органски зеленчук. Слаткото потполно го исфрлила.


Но, претседателката секогаш кога имала време вежбала на „степер“.

Оваа нејзина диета очигледно има и тоа каков ефект, а доказ се фотографиите од Колинда пред неколку месеци и оние од светското првенство и Книн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top