недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Ана и Раста ја крштеваа Тара, Цеца им дојде на гости

Во неделата, естрадната двојка Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста ја крстија својата ќеркичка Тара во црквата „Света Петка“ во српската престолнина.

На крштевката присуствуваа нивните роднини и колеги од музичката сцена, меѓу кои и популарната фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Ono kad @laziclaza pravi film!👌😂

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Од се’ уште неразјаснети причини, гордите родители ангажираа силно обезбедување пред црквата, сочинето од 10 професионални телохранители.

По крштевката, се одржа и прославата на првиот роденден на малата Тара во познатиот белградски хотел „Хилтон“, на која присуствуваа 150 гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top