петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Статус посветен на Влатко Илиевски: Каде бевте сите на концертот на Морал? Да ги почитуваме вредностите додека се живи!

Сопственикот на КЛС продукција, Петар Георгиевски, познат како Камиказа, објави Фејсбук статус посветен на Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов неодмана.

„Колега глумец и музикант Влатче! Почивај во МИР,

Каде бевте сите на концертот на Морал да му дадете поддршка на Влатче и бендот….Прочитав илјадници постови со жалење, а видов 100 тина луѓе на оваа прекрасна свирка…. Да ги почитуваме вредностите додека се живи и да им дадеме подршка, а не откога ќе биде касно!!!!

И да, од што отишол и зошто отишол овој свет е само работа на Влатче!!!! Серо** непрокопсани!

Почивај во мир колега и извини можеби малку доцна се простувам од тебе од X причини,но да знаеш!!!! Уживав на твојот последен концерт!!

Нека ти е вечна слава колега!!!“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top