сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Измамени Mакедонци: Им ветувал работа во Германија – ги оставил без пари на улица

Група од 46 Македонци биле измамени од извесен Иван Иванов, кој зборувал со нив преку „вибер“ на бугарски јазик. Платиле за да работат во Германија , а останале на улица да го чекаат автобусот.

Доцнењето на автобусот во првите 15тина минути на почеток не ги загрижило патниците, кои требало да тргнат на пат за Германија каде требало да работат во фабрика за салвети. По два часа чекање, виделе дека се измамени, ниту дошол автобус, ниту организаторот за работата во Германија. 46 луѓе преку интернет оглас се пријавиле за работата. Секој од нив пријавувањето и патот го чинело 100 евра. Габриела Ангеловска дала и отказ од работа.

Лицето за контакт бил Иван Иванов и говорел бугарски јазик, комуницирале на вибер, но лично не го виделе. Тој им дал сметка од банка каде ги уплатиле парите.

Денеска во полиција го пријавија случајот. Веруваат дека изманикот ќе биде приведен, а тие со порака да бидат внимателни со интренет конкурсите за работа во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top