вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 36 ново

Харадинај одобрил слободно движење меѓу Косово и Албанија

Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко им порача на граѓаните на Косово дека од 1 јануари 2019 меѓу Косово и Албанија нема да има граница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мајко, кој синоќа во градот Скендерај, во централно Косово, присуствуваше на манифестација посветена на косовската дијаспора, рече дека албанскиот премиер Еди Рама веќе има донесено таква одлука.

Според приштинскиот весник „Газета експрес“, од кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопштиле дека тој дал дозвола за таквиот процес.

– Границата меѓу Албанија и Косово треба да се отвори и премиерот ми рече дека одлуката веќе ја донел и дека од 1 јануари 2019 година започнува слободното движење меѓу Албанија и Косово, истакна Мајко, а неговата изјава беше дочекана бурни овации и ракоплескање.

На манифестацијата во Скендерај, присуствуваа и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top